Гоце Неделковски

Гоце е човек со одлично познавање на музиката воопшто. Негова посебна инспирација е поп и рок музиката од поранешна Југославија, која е и основа на неговата ноќна радио-емисија „Дум Дум“ – истата можете да ја слушате секоја среда од 20:00 часот на Главниот канал на Стар Радио“.
Своето прво радио-искуство го стекнал заедно со својот брат близнак, уште во 1995 година, на тогашното скопско „Радио Рос“, од каде што следната година преминал во „Радио МЈ“, каде што работел како тон-мајстор и техничар.
Потекнува од уметничко семејство во кое има писатели, музичари и текстописци, меѓу кои може да се издвои неговиот братучед Огнен Неделковски, кој има напишано текстови за многу познати македонски и балкански поп и фолк-изведувачи, вклучително и за Тоше Проески.
Гоце е добар човек и тимски играч, секогаш подготвен да помогне. Поседува одличен радио-баритон, преку кој на нашите слушатели им ги пренесува своите искрени емоции.
Тој е дел од тимот на „Стар Радио“ од 3 мај 2025 година.
