☆ЅВЕЗДА РАДИО☆

Љубов, Музика, Енергија!

Биографија

Стар Радио е професионален балкански мултиканален радио-стриминг сервис, кој започна со работа на 14 декември 2011 година. Работиме со професионална студиска аудио-опрема, во простории специјално уредени за реализација на нашата програма.

Можете да нè слушате секој ден, каде било во светот, 24 часа онлајн преку нашата веб-страница или преку нашите апликации за ANDROID и IPHONE, кои се достапни за бесплатно преземање на соодветните платформи. Сериозноста на нашиот бренд е поткрепена со фактот дека располагаме со две професионални аудио-студија од кои се реализира нашата програма.

Во нашата програмска шема нудиме квалитетен избор на балканска музика, емисии во живо со забавен и едукативен карактер, топ-листи и многу други содржини што можат да го привлечат вашето внимание.

Во рамките на нашиот медиум функционираат 9 музички канали на кои претставуваме различни музички жанрови:

  1. “Главен канал” – Балканска забавна музика (стара и нова),
  2. “Екс-ЈУ Ретро” – 100% Екс-ЈУ Ретро поп-рок хитови,
  3. “Урбан Фолк” – Балканска урбан фолк музика,
  4. “Боеми” – Боемски/кафански хитови,
  5. “МК Народна” – 100% македонска народна музика,
  6. “МК Забавна” – 100% македонска забавна музика,
  7. “Екс-ЈУ Микс” – Екс-ЈУ забавна, поп, денс, трап музика,
  8. “World Hits” – Светски нови и евергрин хитови.
  9. “Love Songs” – Светски романтични балади,
  10. “Екс-ЈУ Кавери” – 100% екс-ЈУ поп-фолк кавери,

Се надеваме дека овде ќе го пронајдете вашиот омилен музички стил и ќе уживате во оригиналната енергија. Ви благодариме што сте дел од нашите слушатели и уживајте со Стар Радио. Телефон за контакт: 077 571 535 (Viber, SMS, WhatsApp).

Е-маил: info@radiostar.pro

Наши спонзори