☆ЅВЕЗДА РАДИО☆

Љубов, Музика, Енергија!

Пеџа Јовановиќ ја објави „Огреби асфалт“

Поранешниот член на популарното дуо „Близанци“ еден од браќата близнаци Пеџа Јовановиќ, објави неколку нови хит песни меѓу кои се издвојува „Огреби асфалт штиклама“.

Сето ова е најава за неговиот нов албум кој треба да излезе до крајот на месец ноември 2024 година. Песната е изведена со многу емоции по што Пеџа е препознатлив на овие простори. За оваа песна е снимен спот во кој е прикажана одлична приказна која заслужува да се погледне.

„Лутам“ е најновата песна на Аца Лукас

Најновиот хит на Аца Лукас кој е најава за неговиот нов албум се вика „Лутам“. Оваа нумера како и сите кои ќе се најдат на албумот по изјавата на Аца ќе бидат со автобиографски текстови кои го опишуваат него како карактер и неговиот живот. Бунтовнички текстови, дрскост и моќна емоција.

За оваа хит песна е снимен високобиџетен спот кој го имате во прилог за преглед.

Жељко Јоксимовиќ ја промовираше “Ела”

Најновата хит песна на Жељко Јоксимовиќ која е најава за неговиот нов албум се вика “Ела” Весела и певлива песна која е вистинско освежување за ова лето.
Музиката и аранжманот се на Жељко додека текстот е дело на Милош Рогановиќ.
Спотот го нудиме во прилог.

Џогани го промовираа летниот хит „Топ Топ“

Најновиот летен хит на популарната балкан бит денс група „Џогани“ се вика „Топ топ“. Оваа песна е сосема поинаква по жанр од претходните и е вистинско освежување за ова лето. „Топ топ“ е најава за новиот албум на „Џогани“ кои важат за група која има највеќе настапи во дијаспората. За песната е снимен одличен спот кој го имате во прилог под текстов.

Одличен дует на Цеца и Жељко Јоксимовиќ

Како најава за новите албуми кои ќе бидат објавени ова лето, мегапопулатната поп фолк пејачка Цеца и популатниот Жељко Јоксимовиќ, ја промовираа дуетската песна со налов „Више од срече“. Одлична балада која освојува на прво слушање и која е вистинско освежување на музичката сцена за ова лето. Спотот е во прилог, погледнете.

Тања Савиќ го промовираше новиот албум

Популарната балканска поп-фолк ѕвезда Тања Савиќ го промовираше својот долгоочекуван албум „Лечим се животом“. Албумот содржи 10 песни за кои се снимени и спотови. Според нас ова е нејзин најдобар албум досега. Нашиот избор за најдобра песна од истиот падна на носечката нумера која го носи насловот на албумот „Лечим се животом“. Погледнете го спотот, уживајте во прекрасната изведба и во убавината на Тања.

Сергеј го промовираше новиот албум „Кофер“

Миленикот на балканската женска популација Сергеј Четковиќ официјално го промовираше својот нов албум „Кофер“ на кој се наоѓаат осум песни за кои се снимени и одлични спотови. Генерално се работи за одличен албум во нему својствен стил. Од истиот издвојуваме преубава балада чиј спот го имате во прилог. Се работи за емотивната балада „Туго“. Уживајте!

Амадеус ја промовираа „Нису прошле добродошле“

Популарната српска поп-рок група Амадеус ја промовираше својата нова песна „Нису прошле добродошле“. Песната е најава за нивниот нов албум кој треба да биде пуштен до крајот на ова лето. Во одличен спот доловена е љубовна приказна која ја опишува преубавиот текст кој заедно со мелодијата сочинуваат одличен летен хит. Спотот во прилог.

“Од чега сам ја“ е новата песна на Јелена Розга

Најновата хит песна на Јелена Розга се вика Од чега сам ја“. Одлична певлива песна која „влегува во уво“ на прво слушање и која со својата лесна мелодија брзо освојува. Текстот и музиката се на Иван Хуљиќ, додека аранжманот е заедничко дело на Дарко Димитров, Лео Шкаро и Иван Хуљиќ. За оваа извонредна песна е снимен и спот кој го приложуваме на преглед за Ваше целосно уживање.

Нова песна на “Прљаво Казалиште“

После неколкугодишна пауза популарниот хрватски рок бенд “Прљаво Казалиште“ ја промовираше новата песна “Молим Бога да сване“.  Автор на музиката е Јасенко Хоура, додека текстот е заедничко дело на Јасенко Хоура и Инес Прајо. Снимена е во две студија RSL (Ново место) и FBM (Загреб). Песната е со модерен аранжман во нивни стил и се смета за голем хит. Во прилог го имате спотот кој прокажува одлична музичка приказна.

 

Наши спонзори