☆ЅВЕЗДА РАДИО☆

Љубов, Музика, Енергија!

Жељко Јоксимовиќ ја промивираше “1000 жена“

После неколкугодишна пауза мегапопуларниот српски и балкански поп изведувач Жељко Јоксимовиќ промовираше нова песна и со истата го најавува новиот албум. Станува збор на новогодишниот хит “1000 жена“.

Одлична хитовска песна во негов стил која остава одличен впечаток на прво слушање. Аранжманот и музиката за истата ги направи Жељко, додека текстот е на Драган Брајовиќ. “1000 жена“ е овековечена во одличен видео спот кој го имате во прилог.

Вистински новогодишен подарок за сите љубители на добрата песна. Уживајте!

“Марија“ е новиот хит на Фиц

Новата песна и потенцијален хит на фронтменот на поранешната мегапопуларна група “Студени Нозе“, Ивица Стојановски ФИЦ кој настапува со бендот “The Invisibles“ се вика “Марија“. Музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Никола Бочваров и ФИЦ. Снимена е во студиото на Валентино Скендеровски.

Модерна урбана приказна отпеана на оригинален начин која заведува на прво слушање. За песната е снимен одличен спот кој и дава посебна димензија на целата приказна. Уживајте!

Дино Мерлин објави две нови песни…

Мегапопулатната балканска поп ѕвезда Дино Мерлин промовираше две нови балади “Скоро че зима“ и дуетот со Марко Луис, темата “Не радујемо се ми“Првата е во препознатливиот стил на Дино додека втората е со етно призвук по кој е препознатлив Марко. Музиката и текстот за двете песни се на Дино, аранжманот за првата е на Адис Сирибубало, а за втората е на Марко Луис.

Во прилог ги имате двата спота во кои се надеваме дека ќе најдете дел од себе. Уживајте!

ДНК и Врчак ја промовираа “Посреќна“

Новата песна на најпопуларното рмб дуо на овие простори ДНК се вика “Посреќна“. Шармантен бит со одлична мелодија и текст кои освојуваат на прво слушање. Во песнава гостува познатиот рмб артист Раде Врчаковски Врчак кој најавува камбек на македонската музичка сцена.

Текстот е на Панчо и Врчак, музиката е на Лазар и Панчо, додека аранжманот е на Лазар Цветковски. “Посреќна“ е снимена во студиото LCV.

За песнава е снимен одличен спот кој го имате во прилог. Видео сторија која му дава светлина на мигот при гледањето на спотот.

Излезе новиот албум на Марија Шерифовиќ

После десет години Марија Шерифовиќ го промовираше албумот “Долази љубав“. Истиот го сочинуваат осум нови песни за кои се изработени и спотови. Седум се поп балади и една како изненадување е со народен фолк мелос. За сите љубители на нејзината музика во прилог Ви оставаме три спота од песните кои според нашата редакција се најдобри од овој албум. Уживајте.

 

“Ево, ево“ се вика новата песна на Александра Младеновиќ

Младата поп-фолк пејачка Александра Младеновиќ која важи за една од најбараните млади ѕвезди на балканската поп-фолк сцена ја промовираше новата песна “Ево, ево“. Слободно можеме да кажеме дека од песна во песна созрева се повеќе како вокал и изведувач и сигурно се искачува кон врвот на естрадата. Ова е одлична певлива љубовна песна која лесно се слуша и во која секој може да се пронајде. Поглднете го спотот и уживајте во  убавата емотивна изведба.

Северина ја промовираше хитовската “Метак“

Популарната балканска поп пејачка Северина ја промовираше новата дуетска песна “Метак“ на која гостува раперот Нучи. реален текст и приказна претставена во одличен спот кој го имате во прилог. Во меѓувреме Северина објави уште една песна “Sorry“ и најави нов албум.

“Сречна у новој љубави“ е новиот летен хит на Саша Ковачевиќ

Најновата песна и голем летен хит на Саша Ковачевиќ се вика “Сречна у новој љубави“. Препознатлив стил и емотивна интерпретција. Музиката е на Раде и Саша Ковачевиќ, текстот е на Милан Милетиќ. Снимена е во студиото БК во Атина, продуцент и аранжман Јанис Кифонидис.

За песнава е направен одличен спот кој нуди посебна љубовна приказна која ќе направи да уживате.

 

Одличен дует на Жељко и Калиопи

Знам“ е насловот на одличната дуетска балада на Калиопи и Жељко Самарџиќ. Емотивна балада која ги спојува двата одлилни вокали кои со емоција ја презентираат опеаната љубовна приказна. Оваа љубовна приказна е овековечена во видео запис кој го нудиме во прилог.

Наши спонзори