Бојан Трајковски

Бојан Трајковски (T- BoX) е професионален диџеј кој успешно ја започна својата кариера на почетокот на 2008 година во најдобрите скопски и македонски дискотеки и клубови, каде што го учеше занаетот од најпознатите урбани диџеи.
Набрзо потоа, почна да настапува со свои соло диџеј-сетови и често настапуваше како резидентен диџеј за познати македонски поп и R&B изведувачи, како што се Дарко Илиевски, Лозано, DNK, Врчак и други.
На своите настапи, тој успешно креираше микс од хитови од светот на хаус, денс, поп и R&B музиката.
Својата радио-кариера ја започна како водител и техничар кон крајот на 2007 година на една од скопските FM радиостаници, каде што остана една година, а потоа, по кратка пауза, се приклучи на тимот на „Star Media“ како водител и тон-мајстор. „Music Box“ е неговата авторска емисија на нашето радио, за која повеќе информации можете да најдете во делот за емисии. Со мали прекини, Бојан е дел од нашиот тим сè до денес.
T-BoX е тимски играч кој со своите идеи, квалитет и енергија придонесува за подобрување на програмата на нашиот медиум. Неговите емисии и диџеј-сетови можете да ги слушате на главниот канал на „Star Radio“ и на каналот „World Hits“.
