☆ЅВЕЗДА РАДИО☆

Љубов, Музика, Енергија!

Водител

Даниел Тошевски

Се викам Даниел Тошевски и сум роден на 10 јануари 1985 година во Скопје. Уште од детството имав желба да работам во медиумите, па така, на 10-годишна возраст почнав да работам на радио. Работев на неколку радиостаници во Скопје сè до својата шеснаесетта година, кога привремено ја прекинав кариерата како водител, но никогаш не се откажав од таа професија; така што, по пауза од 17 години, во септември 2019 година повторно почнав да водам емисија на „Стар Радио“.

По професија сум музичар-теоретичар. Завршив во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на отсекот за настава и теорија. Денес професионално се занимавам со музика како изведувач на македонски народни песни. Имам снимено нови, но и испеано стари македонски народни песни. Во повеќе наврати сум освојувал награди на фестивали наменети за лица со посебни потреби, вклучително и на фестивалот „Пирин фолк“ во Сандански (во соседна Бугарија), каде што ја добив специјалната награда за најдобра интерпретација, доделена од општината Сандански. Сакам да им помагам на луѓето, па затоа сум учествувал на многу хуманитарни концерти; ќе продолжам да пеам и да поддржувам хуманитарни настани, но само доколку средствата завршуваат на вистинското место.

Тоа што сум слеп од раѓање никогаш не ме спречило да го правам она што го сакам; дури и гордо можам да кажам дека воопшто не се чувствувам како лице со попреченост. Секогаш сум добро расположен и отворен за комуникација со сите добронамерни луѓе.

Го почитувам тимот што работи со мене, како и моите слушатели.

 

Наши спонзори