Уредник и водител
Диме Гипс

Диме Ѓорѓиевски – Гипс е човек со големо радио искуство.
Тимски играч кој придонесува со своето искуство во поглед на уредништвото на програмата и во квалитетниот избор на музика. Акцент дава на новата забавна музика, која што е актуелна и популарна кај помладата популација.
Човек со реално размислување и пристап кон животот, народски кажано тој е без „влакна на јазикот“. Кажува се во лице колку тоа да не Ви се допадне, но секогаш е тука за драгоцен пријателски совет, разговор и најважно од се, да направи добра шега и да Ве насмее.
Покрај глобалната улога во Стар Радио, Гипс во целост е главен уредник на нашиот канал Екс-ЈУ Микс.
Гипса е дел од нашата екипа речиси од формирањето и пуштањето во етерот на Стар Радио.
