Ди-Џеј Попе

Харизматичен лик и радио водител со големо радиско искуство. Својата радио кариера ја започна 1995 година во Луна радио кое е поранешно радио од Скопје, како водител на контактно-забавни емисии. Слушаноста на тие емисии и квалитетниот водителски израз му беа отскочна даска и мотив да започне да гради професионална радио кариера. Во професионалната водителска фела влезе август 1997 година кога заедно со Горан Шојка започнаа со клубски забави и забавни емисии во тогашното Енерџи Радио кои до денешен ден важат за најпосетени и најслушани.
По затворањето на Енерџи радио, во септември 2001 година заедно со Шојка започнуваат нова радио авантура во скопското МЈ Радио каде се задржува до есента 2006 година. Препознатлив по емисиите „JukeBox“ која се емитуваше на Енерџи Радио и „House Party“ и „Something Special About Love“ кои се емитуваа на МЈ радио.
Покрај тоа што го препознаваат по уникатниот стил на водење емисии исто така е препознатлив по сопствениот став и размислувања од кои не отстапува.
Изрека: Стави пиво да се лади! 😁
