Ивона МС

Ивона МС е родена во Скопје, во семејство на двајца просветни работници кои уште од најрана возраст и ја всадиле љубовта кон уметноста и желбата за учење. Таа отсекогаш негувала страст кон музиката и танцот, а поседува и талент за пишување.
Горда мајка е на Максим и Лана, а својата креативност ја вложила во профилот за рачни изработки „Lana’s Mommy“.
Посебно е позната по својата поддршка за луѓето со мултиплекс склероза, откако и самата се соочила со оваа дијагноза. Го сака животот таков каков што е, со секој нов предизвик.
И покрај сите пречки, таа секојдневно успешно се справува со предизвиците на водењето радио-емисија. Нејзината емисија „На Пауза“, која се емитува секоја среда од 11:00 до 13:00 часот на главниот канал на Стар Радио, ќе ви овозможи на миг да заборавите на проблемите, да направите пријатна пауза со насмевка и да продолжите со вашите секојдневни обврски.
Ивона МС е урбан скопски лик и впечатлив глас што лесно ќе го препознаете; таа е секогаш колегијална и подготвена за соработка.
