“Музичка кутија“ е емисија која се емитува на главниот канал на Стар Медиа, Стар во Живо.
Во неа на урбан начин презентираме разни хитови од светските и домашни популарни музички жанрови и информации поврзани со актуелни музички евенти, промоции, културни настани и слично.
Емисијата ја слушате секој четврток од 19 до 21 часот и е со единствена цел да го популаризира урбаниот, забавен и културен живот во нашата држава, Македонија.
Уредник и водител: Бојан Трајковски (T-Box).