Буди го Петелот

Презентирано од Горан Шојка

Scheduled on

Понеделник 08:00 10:00
Вторник 08:00 10:00
Среда 08:00 10:00
Четврток 08:00 10:00
Петок 08:00 10:00

Утринско Шоу

Tagged as , ,

Желбата за убав почеток на денот за секој во ова тешко време за живеење, полно со стресови и проблеми беше голем мотив и инспирација да се концептуира и реализира Утринското реално радио шоу “Буди го петелот“. Во него пред се даваме акцент на убавата балканска забавна ретро музика која за многумина од нас значи убави спомени за едно поубаво време во кое имаше многу повеќе дружење, забава и во кое многу повеќе се ценеа моралните и човечки вредности на кои се базираше се. Тоа време бевме многу послаби технолошки , НО сепак не бевме несреќни, напротив имаше многу повеќе лични контакти, дружење и забава. Покрај музиката која е внимателно одбрана во ова шоу на хумористичен и природен начин се сервираат информации кои не се лесно достапни на секој и секако занимливости, интересни изреки, поуки, досетки кои го прават моментот подобар. Главни улоги во оваа емисија имаат “Петелот“ (кој живее по свое и секогаш се успива) и “Комшиката“ (која по навика е ранобудна, спремна за кафе и оговарање). Тимот кој стои позади реализацијата и концептот на “Буди го Петелот“ е во состав, музика и техника Мистер Пентиум, уредник и водител Горан Шојка. Во целина овој проект кој започна да се емитува на 3 март 2019 година има за цел да Ве насмее, расположи, да го направи  Вашиот работен амбиент подобар, да го разубави утрото во домашен амбиент. Слушатје “Буди го Петелот“ секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 10 часот наутро.


Read more

Буди го Петелот crew


Current track

Title

Artist

Background