Ноќното радио шоу „Дум Дум“ е најновиот радио проект на нашето радио кој е авторско дело на Гоце Неделковски. Во ова шоу им вдахнуваме живот и посебна емоција на подзаборавените поп-рок екс југословенски хитови, но и ги промовираме највпечатливите музички новитети. Заедно ја креираме најдобрата листа на хитови од кои одбираме хит на неделата. „Дум Дум“ го слушате секоја среда од 20 часот на каналите Главен и Екс Ју Ретро.