Author: starmedia

Page: 2

Најновата хит песна на Жељко Јоксимовиќ која е најава за неговиот нов албум се вика “Ела” Весела и певлива песна која е вистинско освежување за ова лето. Музиката и аранжманот се на Жељко додека текстот е дело на Милош Рогановиќ. Спотот го нудиме во прилог.

Најновиот летен хит на популарната балкан бит денс група „Џогани“ се вика „Топ топ“. Оваа песна е сосема поинаква по жанр од претходните и е вистинско освежување за ова лето. „Топ топ“ е најава за новиот албум на „Џогани“ кои важат за група која има највеќе настапи во дијаспората. За песната е снимен одличен спот […]

Како најава за новите албуми кои ќе бидат објавени ова лето, мегапопулатната поп фолк пејачка Цеца и популатниот Жељко Јоксимовиќ, ја промовираа дуетската песна со налов „Више од срече“. Одлична балада која освојува на прво слушање и која е вистинско освежување на музичката сцена за ова лето. Спотот е во прилог, погледнете.

Популарната балканска поп-фолк ѕвезда Тања Савиќ го промовираше својот долгоочекуван албум „Лечим се животом“. Албумот содржи 10 песни за кои се снимени и спотови. Според нас ова е нејзин најдобар албум досега. Нашиот избор за најдобра песна од истиот падна на носечката нумера која го носи насловот на албумот „Лечим се животом“. Погледнете го спотот, […]

Миленикот на балканската женска популација Сергеј Четковиќ официјално го промовираше својот нов албум „Кофер“ на кој се наоѓаат осум песни за кои се снимени и одлични спотови. Генерално се работи за одличен албум во нему својствен стил. Од истиот издвојуваме преубава балада чиј спот го имате во прилог. Се работи за емотивната балада „Туго“. Уживајте!

Популарната српска поп-рок група Амадеус ја промовираше својата нова песна „Нису прошле добродошле“. Песната е најава за нивниот нов албум кој треба да биде пуштен до крајот на ова лето. Во одличен спот доловена е љубовна приказна која ја опишува преубавиот текст кој заедно со мелодијата сочинуваат одличен летен хит. Спотот во прилог.

Најновата хит песна на Јелена Розга се вика „Од чега сам ја“. Одлична певлива песна која „влегува во уво“ на прво слушање и која со својата лесна мелодија брзо освојува. Текстот и музиката се на Иван Хуљиќ, додека аранжманот е заедничко дело на Дарко Димитров, Лео Шкаро и Иван Хуљиќ. За оваа извонредна песна е […]

После неколкугодишна пауза популарниот хрватски рок бенд “Прљаво Казалиште“ ја промовираше новата песна “Молим Бога да сване“.  Автор на музиката е Јасенко Хоура, додека текстот е заедничко дело на Јасенко Хоура и Инес Прајо. Снимена е во две студија RSL (Ново место) и FBM (Загреб). Песната е со модерен аранжман во нивни стил и се […]

После неколкугодишна пауза мегапопуларниот српски и балкански поп изведувач Жељко Јоксимовиќ промовираше нова песна и со истата го најавува новиот албум. Станува збор на новогодишниот хит “1000 жена“. Одлична хитовска песна во негов стил која остава одличен впечаток на прво слушање. Аранжманот и музиката за истата ги направи Жељко, додека текстот е на Драган Брајовиќ. […]

Новата песна и потенцијален хит на фронтменот на поранешната мегапопуларна група “Студени Нозе“, Ивица Стојановски ФИЦ кој настапува со бендот “The Invisibles“ се вика “Марија“. Музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Никола Бочваров и ФИЦ. Снимена е во студиото на Валентино Скендеровски. Модерна урбана приказна отпеана на оригинален начин која заведува на прво слушање. […]


Current track

Title

Artist

Background