Дино Мерлин го промовираше новиот албум

Written by on 07/05/2025

Кога велат дека годините се само бројка, сигурно мислат на Дино Мерлин. Тој е доказ за вистината на таа изрека, затоа што иако е навлезен во осмата деценија од својот живот, твори и креира хитови со истиот елан како некогаш. Изминативе денови го промовираше својот нов студиски албум „Брига“ на кој има 11 одлични нумери. На овој албум Дино соработуваше со проверената екипа на Адис Ширбубало. Текстовите на повеќето песни се дело на Дино, додека аранжманите се на Адис. Две од песните се дуетски од кои едната е со Халид Бешлиќ, а другата со „Фемме Фатале“. За сите нумери се изработени одлични високобуџетни видео спотови од кои во прилог Ви оставаме два од оние песни кои според нас се најдобри. Уживајте!


Continue reading

Current track

Title

Artist

Background