Нова песна на Дорис Драговиќ
Written by starmedia on 07/05/2025
Популарната хрватска и балканска поп изведувачка Дорис Драговиќ по подолго време промовираше нова песна. Се работи за одличната балада „Слуге туге“. Музиката и текстот за песната се дело на Иван Хуљиќ, додека аранжманот го направи Хрвоје Домазет. Продукција Тоника се потпишува на овој производ и истата е креатор на преубавиот спот кој ја доловува целата приказна од оваа преубава балада.