Гоце Неделковски

Гоце е личност со одлично познавање на музиката во глобала. Посебна инспирација му е поранешната екс југословенска поп и рок музика која е основа на неговото ноќно радио шоу “Дум Дум” кое го слушате секоја среда на каналите: Главен и Екс Ју Ретро од 20 часот.
Своето прво радиско искуство го има заедно со својот брат близнак, далечната 1995 година во тогашното скопско радио Рос од каде следната година преоѓа во радио МЈ каде работи како тонец и техничар. Потекнува од уметничко семејство во кое има писатели, музичари, текстописци од кои можеме да го издвоиме неговиот братучед Огнен Неделковски кој има напишано текстови за многу познати македонски и балкански изведувачи на забавна и народна музика меѓу кои се вбројува и Тоше Проески.

Гоце е добар човек, тимски играч кој секогаш е спремен да помогне. Располага со одличен радиофоничен баритон-глас преку кој својата искрена емоција ја пренесува до нашите слушатели.
Член на Стар Радио е од 3 мај 2025 година.



Current track

Title

Artist

Background