Hit
Page: 2
Популарната балканска поп-фолк ѕвезда Тања Савиќ го промовираше својот долгоочекуван албум „Лечим се животом“. Албумот содржи 10 песни за кои се снимени и спотови. Според нас ова е нејзин најдобар албум досега. Нашиот избор за најдобра песна од истиот падна на носечката нумера која го носи насловот на албумот „Лечим се животом“. Погледнете го спотот, […]
Миленикот на балканската женска популација Сергеј Четковиќ официјално го промовираше својот нов албум „Кофер“ на кој се наоѓаат осум песни за кои се снимени и одлични спотови. Генерално се работи за одличен албум во нему својствен стил. Од истиот издвојуваме преубава балада чиј спот го имате во прилог. Се работи за емотивната балада „Туго“. Уживајте!
Популарната српска поп-рок група Амадеус ја промовираше својата нова песна „Нису прошле добродошле“. Песната е најава за нивниот нов албум кој треба да биде пуштен до крајот на ова лето. Во одличен спот доловена е љубовна приказна која ја опишува преубавиот текст кој заедно со мелодијата сочинуваат одличен летен хит. Спотот во прилог.
После неколкугодишна пауза мегапопуларниот српски и балкански поп изведувач Жељко Јоксимовиќ промовираше нова песна и со истата го најавува новиот албум. Станува збор на новогодишниот хит “1000 жена“. Одлична хитовска песна во негов стил која остава одличен впечаток на прво слушање. Аранжманот и музиката за истата ги направи Жељко, додека текстот е на Драган Брајовиќ. […]
Новата песна и потенцијален хит на фронтменот на поранешната мегапопуларна група “Студени Нозе“, Ивица Стојановски ФИЦ кој настапува со бендот “The Invisibles“ се вика “Марија“. Музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Никола Бочваров и ФИЦ. Снимена е во студиото на Валентино Скендеровски. Модерна урбана приказна отпеана на оригинален начин која заведува на прво слушање. […]
Мегапопулатната балканска поп ѕвезда Дино Мерлин промовираше две нови балади “Скоро че зима“ и дуетот со Марко Луис, темата “Не радујемо се ми“. Првата е во препознатливиот стил на Дино додека втората е со етно призвук по кој е препознатлив Марко. Музиката и текстот за двете песни се на Дино, аранжманот за првата е на Адис […]
Новата песна на најпопуларното рмб дуо на овие простори ДНК се вика “Посреќна“. Шармантен бит со одлична мелодија и текст кои освојуваат на прво слушање. Во песнава гостува познатиот рмб артист Раде Врчаковски Врчак кој најавува камбек на македонската музичка сцена. Текстот е на Панчо и Врчак, музиката е на Лазар и Панчо, додека аранжманот […]
После десет години Марија Шерифовиќ го промовираше албумот “Долази љубав“. Истиот го сочинуваат осум нови песни за кои се изработени и спотови. Седум се поп балади и една како изненадување е со народен фолк мелос. За сите љубители на нејзината музика во прилог Ви оставаме три спота од песните кои според нашата редакција се најдобри […]
Младата поп-фолк пејачка Александра Младеновиќ која важи за една од најбараните млади ѕвезди на балканската поп-фолк сцена ја промовираше новата песна “Ево, ево“. Слободно можеме да кажеме дека од песна во песна созрева се повеќе како вокал и изведувач и сигурно се искачува кон врвот на естрадата. Ова е одлична певлива љубовна песна која лесно […]
Популарната балканска поп пејачка Северина ја промовираше новата дуетска песна “Метак“ на која гостува раперот Нучи. реален текст и приказна претставена во одличен спот кој го имате во прилог. Во меѓувреме Северина објави уште една песна “Sorry“ и најави нов албум.
Ex-Yu Retro
Urban Folk
Boemi
Mk Zabavna
Mk Narodna
Love Songs
World Hits
Ex-Yu Covers
Ex-Yu MiX
KAMC-FM 90.7FM
Pero Radio