Бојан Трајковски


Бојан Трајковски shows

Бојан Трајковски (T-BoX) е професионален диџеј кој својата диџеј кариера успешно започна да ја гради на почетокот на 2008 година по најдобрите скопски и македонски дискотеки и клубови каде занетот го учеше од најпознатите урбани диџеи. Брзо потоа започна со свои соло диџеј сетови и често настапуваше како резиден диџеј на познати македонски поп и рмб артисти како Дарко Илиевски, Лозано, ДНК, Врчак итн. На неговите настапи успешно сетираше микс хитови од светската House, Dance, Pop & RMB музика.

Радио кариерата ја започна како водител и техничар кон крајот на 2007 година во едно од скоските фм радио станици каде се задржа година дена за потоа по мала пауза да се приклучи на тимот на Стар Медиа какако водител и тонец. Во моментов реализира своја авторска емисија на Стар радио за која имате повеќе информации во одделот за емисии. Со мали прекини Бојан е дел од нашата екипа до денес.

T-BoX е тимски играч кој со своите идеи, квалитет и енергија придонесува за подобрување на програмската шема на нашиот медиум. Неговите емисии и диџеј сетови ќе ги слушате на главниот канал Стар во Живо и на каналот World Hits.



Current track

Title

Artist

Background