Горан Шојка
Горан Шојка shows
Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радиско искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан и позитивен. Прецизен и професионален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети и дава соодветна поддршка. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Дружељубив, многу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш.
Автор, уредник, реализатор и водител на емисиите „Во новиот ден“, „Буди го Петелот“, кои се емитуваат на главниот канал Стар во Живо и на емисијата „Беше Некогаш“ која ја слушате на каналите Урбан Фолк и Боеми.
Активен од 7 септември 1996 до денес.